Шест нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата, пет од нив со изразени симптоми

by Фокус

Четири лица од Кавадарци и две од Неготино се новорегистрирани како позитивни на корона вирус денес, известуваат од Центар за јавно здравје Кавадарци. Пет од нив се тестирале бидејќи имале изразени симптоми на вирусот, а едно лице поради потешка клиничка слика е хоспитализирано.

Станува збор за пациенти на возраст од 25 до 69 години. Најмладиот е од Неготино, исто и највозрасниот, кој е хоспитализиран, останатите се од Кавадарци. Само две лица потврдиле дека имале контакт со веќе позитивен пациент, останатите четири лица потекнуваат од непознат кластер.

Позитивниот пациент од Неготино на возраст од 69 години беше објавен во вчерашниот билтен на МЗ. Пред три дена и неговата сопруга, пензионерка на возраст од 63 години беше регистрирана како позитивна.

Поврзани новости