Министерката Петровска со најголем раст на поддршката на социјалнте мрежи меѓу политичарките на Балканот

by Fokus

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изминатиот месец има најголем раст на реакциите на нејзините постови на социјалните мрежу меѓу политичарките на Балканот.

Според податоците на регионалната истражувачка агенција, која го мери рејтингот според трендовите на социјалните мрежи, Петровска има за над 17 отсто раст на реакциите на нејзините постови.

Таа е и една од ретките политичарки на Балканот која забележува позитивни промени во оваа карактеристика, бидејќи поголемиот дел од политичарките назадуваат оваа табела.

Петровска објавила 57 постови, на кои добила над 23 илјади реакции од следбениците на социјалните мрежи.

Ваквите податоци покажуваат дека се повеќе луѓе ја следат и поддржуваат работата на министерката за одбрана, која изминатите години беше мета на критики и напади поради нејзиниот пол и изглед.

Поврзани новости