Минатата недела починале 172-ца заразени од Ковид-19, зголемување на смртноста за над 35%

by fokus

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во изминатата недела починале 172 заразени од Ковид-19, што е зголемување од 35,4% во однос на минатата недела.

-Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години, се наведува во извештајот.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6% повеќе од минатата недела.

Поврзани новости