Милошоски: Во иднина не се очекува да има полноправно членство на било која нова членка од регионот во ЕУ

by Fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во емисијата 24 анализа рече дека секој што смета дека предлогот на Макрон за почнување на неформалните средби наречени европска политичка заедница дека се случајни, не направил добра проценка.

– Тоа што Макрон предложи нова методологија за полноправно членство во ЕУ, истотака не е случајно, ниту е случајно што земјите членки на Еу во моментов  разговараат за ревидирање и реформа на самите состојби, институции и правила на игра во самата ЕУ. Тоа што може да го слушнеме од пратениците од Европскиот парламент во неформални разговори со нас е дека во иднина не се очекува наскоро да има поплноправно членство на било која нова членка од регионот во ЕУ. Сметам дека во иднина, Македонија и земјите од регионот може да очекуваат парцијално зачленување во ЕУ – рече Милошоски.

Поврзани новости