Бектеши: Немам време да мислам на евентуални промени во ДУИ, фокусиран сум на енергетската криза!

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема време да размислува за евентуалните промени во ДУИ зашто е целосно фокусиран на менаџирање на енергетската криза.

„Јас сум целосно фокусиран на меџаирање и справување со енергетската криза. Немам време да мислам на тоа, тоа е одлука на претседателот и на раководството на ДУИ. Ние секогаш сме велеле дека сме подготвени да разговораме, и внатре во партијата и со јавноста и со сите што се заинтересирани и со тоа што е направено согласно Програмата и со тоа што треба да се направи. Секогаш согласно Програмата која е утврдена од страна на Собранието и партиските органи“, рече Бектеши во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Поврзани новости