Милошоски се потсмева со раскараното владејачко мнозинство: Нова коалиција е можна со двајца пратеници на ГРОМ

by fokus

Коментирајќи ги препукувањата меѓу пратениците од владејачкото мнозинство во парламентот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја нарекува селотејп владината коалиција, која доживува кризен период.

Во врска со собраниската седница на која не беше гласано за имунитетот на Вељаноски, Милошоски се сомнева дека пратениците од власта само правеле „театар за народот“.

„Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги држеше заедно проектот за редефинирање на Уставот како обврска која заеднички ја превзеле за да дојдат до власта. Актуелната власт е фрагментирана коалиција, каде и во една иста партија различни поединци и групи се раскарани заради тоа што си бркаат свои лични бизнис приоритети и кариери, а власта не ја гледаат како можност за реализација на еден заеднички економски, образовен, социјален и реформски проект, бидејќи го немаат, туку власта ја гледаат како натпревар под мотото “сега му е мајката” во кој секој гледа да добие што повеќе позиции, повеќе тендери во пократко време, повеќе повластици од државата, повеќе влијание во обвинителството, повеќе “свои” судии, повеќе вработени роднини, и повеќе ресурси за газдите на медиумите кои им пишуваат “пофалби”, пишува Милошоски.

Како што вели тој, без овие „селотејп привилегии“, тешко е да се замислат еден до друг министерот за финансии, Драган Тевдовски и вицепремиерот, Кочо Анѓушев, Мира Дизел и Никола Димитров, Самка Ибраимовски и Радмила Шеќеринска, Павле Богоевски и Милкие Халими, Хазби Лика и Мухамед Зеќири, Амди Бајрам и Мила Царовска.

„И сега откако го завршија проектот редефинирање на Уставот, а не постои заеднички концепт за реформи и напредок на државата, борбата за превласт во власта почна да го кине селотејпот на владината коалицијата.
Затоа сме сведоци на сегашниот коалициски курцшлус во владата, кој воопшто не е заради принципите за “селективна правда, мир и законитост” против политичарите од опозицијата, туку е резултат на борбата внатре во власта кој подолго ќе опстане на власт, и кој поитро ќе го исфрли “ближниот” свој надвор од привилегиите на власта.
Затоа воопшто не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика:
СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА).
Ова е можно бидејќи целта е нова распределба на привилегиите од власта, а не нов заеднички концепт за реформи во државата на овие 64 пратеници.
Можеби за почеток ќе побараат и смена на Талат Џафери од првото столче во Собранието? Опозицијата истата со задоволство ќе ја поддржи.
Но, можеби Зоран Заев, Мухамед Зеќири, Павле Богоевски и Артан Груби само прават театар за народот за да си ја покријат неспособноста на владеењето?!“, вели Милошоски.

Селотејп коалиција!Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги…

Publiée par Antonio Miloshoski sur Mardi 26 février 2019

Поврзани новости