Социјалдемократите во Куманово го предложија Спасовски за претседателски кандидат на СДСМ

by fokus

Општинската организација на СДСМ Куманово доставила до централата на партијата кандидатура за Оливер Спасовски за претседател на државата.

„Општинската организација на СДСМ Куманово, како најголема општинска организација во партијата, а воедно и матична општинска организација на Оливер Спасовски, со одлука на извршниот одбор едногласно донесе одлука нашиот партиски другар Оливер Спасовски да биде единствен кандидат за претседател на Република Македонија на престојните претседателски избори. Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово“ вели Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, пренесува Кумановоњуз.

Поврзани новости