Милошоски: Обвинувањата за двојни државјанства ќе треба да се докажат на суд

by irena 20:56
20:56

Предлог законот, пратениците да имаат само државјанство на Македонија го мина првиот собраниски филтер и е изгласан да стане точка на дневниот ред на тековната собраниска седница.

Освен ДУИ кои јавно беа против, сите останати беа за предлогот на група пратеници на владејачката коалиција, во која стои дека пратеник мора „да е државјанин само на Република Северна Македонија“.

Антонио Милошоски го образложи предлогот и упати порака до оние кои обвинуваат дека има пратеници со двојно државјанство.

„Сметаме дека ваквиот начин на подигнување на критериумите ќе ја зголеми и лојалноста не само кон Собранието туку и кон државата. Во однос на политичките шпекулации ние како петмина потпишани пратеници кои што го поднесуваме овој закон секој оној кој што смета дека било кој од нас поседува било какво друго државјанство го повикуваме да излезе надвор од говорницата, да изнесе такво тврдење и потоа преку судска постапка да го докаже истото или да се соочи со пресуда за лажење и клевета“ , рече Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Предлогот законот е во скратена постапка и има само 4 члена.

Продолжува на расправа во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Слични вести