Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски може да се одржи само со цел финализирање на договорот меѓу двете земји, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Главната работа е целта на состанокот. Која би била целта на состанокот? Путин рече дека е подготвен да се сретне во Москва во секое време. Главната работа е да има цел за состанокот, а главната работа е состанокот да биде продуктивен, а тоа може да биде само со цел финализирање на договорот“, рече Песков, како што објави агенцијата РИА Новости.
Според него, Кремљ е подготвен да се сретне со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер „уште утре“, нагласувајќи дека двајцата се „секогаш добредојдени“ во Русија.
Тој претходно истакна дека нема конкретна временска рамка за пристигнувањето на Виткоф и Кушнер во Москва.