Зеленски: Се надеваме дека ќе продолжиме со преговорите со САД и Русија за завршување на војната

by irena 20:34
20:34

Украина има намера да ги обнови трилатералните преговори со САД и Русија за завршување на војната, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека украинската делегација вчера разговарала со американската делегација.

„Навистина се надеваме на продолжување на трилатералните преговори, со цел да се вратиме на патот кон завршување на војната“, рече Зеленски, како што објави Ројтерс.

Порано денес, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва очекува повеќе посети на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Русија како дел од преговорите за завршување на војната во Украина.

Тој истакна дека сè уште нема конкретна временска рамка за пристигнувањето на Виткоф и Кушнер во Москва.

Претходно, „Њујорк тајмс“ објави дека Вашингтон планира нова посета на Кушнер и Виткоф на Русија, по што тие треба да го посетат Киев.

Од почетокот на годината, делегациите на Русија, Украина и Соединетите Американски Држави одржаа три рунди преговори за прекин на конфликтот во Украина, а последната рунда се одржа кон средината на февруари.

Како што е наведено, избувнувањето на војната меѓу САД и Израел против Иран на крајот на февруари доведе до прекин на овие преговори. Сè уште не се објавени конкретни датуми за можните последователни рунди.

Слични вести