545
Опозицијата нема ресурси да ја убеди власта во што поскоро време да се донесе Закон за обвинителство, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој воедно е член на работната група на опозициската партија.
-Но, доколку ЕУ го поврзе донесувањето на овој закон со условите коишто на Македонија дополнително ќе и овозможат перспектива или подобар имиџ во ЕУ, тогаш може тоа ќе помогне владата да биде посериозна – рече Милошоски.
Претходно, министерката за правда Рената Треневска – Дескоска рече се уште нема никакви поместувања меѓу работните групи на власта, меѓутоа, додаде таа, постои неформална комуникација и темата за законот за обвинителство ќе биде отворена на средбите за измените на Изборниот законик.