Милошоски: Многупати со Груевски разговаравме за нашите барања, беа прифатени само декларативно

by fokus

Антонијо Милошоски вечерва пред почетокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го обвинувањето од Никола Груевски дека на Централниот комитет и тие гласале за Конгрес на 23 декември, рече дека многупати досега разговарале со Груевски во четири очи, а било разговарано и на состаноци со поширокото партиско раководство, но очигледно нивните сугестии биле прифатено само декларативно.

-Нашите барања се добронамерни, со цел да не дозволиме новиот партиски лидер однапред да биде познат и избран во една недемократска и нефер трка за претседател на партијата. Да не дозволиме новиот лидер да биде марионета, изјави Милошоски.

Поврзани новости