Пукање во Чаир, едно лице пренесено во болница

by fokus

Вооружен инцидент се случи попладнево во Чаир на улица „Џон Кенеди“, пред средното училиште „Цветан Димов”.

Настанот се случил на автбуската станица во близина на средното училиште  „Цветан Димов“.

Според првичните информации се слушнале истрели од калашников, а потоа било воочен машко лице како лежи на улицата. Порпаролот на МВР, Тони Ангеловски за ТВ21 го потврди инцидентот и додава дека лицето веднаш било префрлено во болница.

Засега нема информации дали лицето го преживеало нападот.

Поврзани новости