Милошоски: Дали измамените министри ќе побараат кривична одговорност од Бектеши?

by Fokus

Дали министрите кои изјавија дека измамени гласале за одлука, или ЈО по службена должност, ќе побараат кривична одговорност за министерот Бектеши, согласно член 247 од КЗ? Дали Таче бил на седница и како гласал и дали се чувствува измамен како Оливер, Цаци и Шукова.

Ова на Фејсбук го прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по вчерашните изјави на неколку министри дека биле измамени од Крешник Бектеши при гласањето за концесијата за рудникот Иловица-Штука.

Ова е фејсбук статусот на Антонио Милошоски:

„Случајот со министерот Бектеши, дека ги довел во заблуда членовите на Влада Спасовски, Шукова и Петровска да гласаат ЗА струмичките рудници, отвара сериозна тема за многу владини решенија:

Колку владини одлуки се досега донесени од министри кои биле доведени во заблуда, а врз основа на неточни податоци (Бехтел& Енка, прекинување на градбата на клиничкиот во Штип, солидарниот данок, асфалтни бази, концесии за мермер итн.)?

Дали во Владата не функционираат комисиите и генералниот секретаријат кои ги проверуваат материјалите и ги подготвуваат одлуките пред седница?

Дали министрите кои изјавија дека измамени гласале за одлука, или Јавниот обвинител по службена должност, ќе побараат кривична одговорност за министерот Бектеши, согласно член 247 од КЗ?

Дали премиерот Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова?“.

Поврзани новости