ВМРО-ДПМНЕ ги претстави своите 6 забелешки за кои велат доколку се прифатат може да го подобрат квалитетот на договорот и да ја заштитат Македонија од ретроградни разговори за историјата и националните херои на земјата.
Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека за преговарачката рамка бараат две измени во точките 3 и 5 од предлогот, односно да стои дека законодавството на ЕУ се преведува само на македонски јазик без дополнителни квалификации за јазикот, бидејќи, според него, ниту една трета држава нема право да го толкува јазикот на некоја друга држава.
Исто така, тој побара бришење на алинејата од точката 5 за кои велат дека станува збор за билатералниот протокол со Бугарија.
-Ова е замка бидјеќи годишните прегледи кои се повикуваа на член 12 преведено на поедноставен јазик за јавноста значи дека билатералниот македонско-бугарски протокол којшто Владата се уште го крие и затоа сметаме дека не треба да го обременува овој документ бидејќи истиот нема да служи за постигнување на стандарди туку ќе служи за политички конфронтации и тензии кои нема да и донесат добро ниту на Македонија ниту на Бугарија ниту на европските стандарди – рече Милошоски.
Во врска со документот насловен како Заеднички став на Европската Унија, тој предлага четири измени во точките 1,11,13 и 14 односно, со цел случајот со Македонија да не биде преседан во Унијата и да нема прва и втора фаза од почетокот на преговорите.
-Овој член 14 од заедничкиот став на Европската Унија најдецидно ја демантира власта која крие дека протоколот е дел од преговарачката рамка, во еворпските документи јасно покажува дека македонско-бугарскиот протокол е дел од преговарачката рамка и затоа Македонија не треба да прифаќа ваков преседан – рече Милошоски.
Тој воедно ги повика и пратениците од владејачкото мнозинство да не одат на принцип на надгласување, бидејќи за вакви одлуки е потребен консензус.