Седум демонстранти во куќен притвор, еден во Шутка

by Фокус

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, определи мерки притвор за осум лица кои учествувале во настаните пред Собранието на 5-ти јули 2022  година. Поточно, на седум лица судот им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор во траење од осум дена.

„Ја информираме јавноста дека осум лица во текот на вчерашниот ден беа спроведени пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, кој по произнесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои на 7 од осомничените им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратеан постапка, а заради постоење на основите од чл. 470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото“, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани новости