Милевски: Македонија мора да биде горда на овие момци, покажаа како се бори за националниот дрес!

by fokus

Селекторот на македонската репрезентација, Боби Милевски вели дека е задоволен од она што го прикажале неговите момци изминативе години и смета дека цела Македонија треба да биде горда на фудбалерите, по ремито што го одигра против Англија на Арената „Тодор Проески“.

-Прво да кажам дека не би ги коментирал судиските одлуки. Има ВАР, што ќе одлучат судиите, на нас е да го почитуваме. Овие две и кусур години не само што напредуваме, туку тоа го сторивме заедно со подмладувањето на репрезентацијата. Дојдовме до некој зенит со баражите во плејофот, па извлековме група која не можеше да биде потешка, но тоа што го покажаа момците не можам, а да не бидам задоволен. Македонија мора да биде горда на овие млади момците зашто покажаа како се бори за македонскиот дрес. Да се спротивставиш на репрезентации како Англија, Италија и Украина на ваков начин… И денеска имавме моменти како и со Италија при прекините, но ајде ќе им одбијам на младоста. Пред нас е тешка и сериозна работа за да дојдеме до ниво да бидеме поконкурентни. Далеку сме од Англија и Италија, но не и од Украина, жал ми е што не ни се награди трудот на момците и не освоивме барем три бода против Украинците. Имаме уште многу работа пред нас, порача Боби Милевски.

Поврзани новости