Мијалков ги обвини Костовски и Лазаревски дека земале пари за „бомбите“, Костовски вели дека лаже

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, обидувајќи се да го дискредитира сведоко Звонко Костовски, алудираше дека заедно со Ѓорѓи Лазаревски, со кого ја открија аферата за масовното нелегално прислушување, биле платени.

-Рековте дека не сте биле платени за да ги изнесете прислушуваните разговори, но дали знаете дека на сметка на Лазаревски и на негови членови на семејството се најдени 100.000 евра, а кај вас има акции во вредност од 40.000 евра?, рече Мијалков, објаснувајќи дека овие информации му се по сеќавање од истрагата за „Пуч“’

Костовски рече дека за Лазаревски не знае да одговори, а за обвинувањето за себе рече дека е лага.

-Тоа се шпекулации. Го молам судот да провери и да достави докази. Тоа е лага, беше дециден Костовски.

Поврзани новости