Груевски може да поднесе барање за апанажа

by fokus

Пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, чија оставка од пратеничката функција денеска беше констатирана во Собранието, има право да побара апанажа.

Како што изјави досегашниот пратеник, Павле Богоевски, чија оставка исто така беше констатирана денеска, Груевски има право да побара апанажа бидејќи неговиот мандат не беше одземен, туку само беше констатирана неговата оставка.

Богоевски додаде дека размислува дали самиот ќе побара апанажа.

-Размислувам да побарам апанажа, немам донесено одлука, за сега и двете опции се на маса – изјави тој.

Според Законот за плати и надоместоци поранешните пратеници имаат право на апанажа во рок од една година по престанување на нивниот мандат. Апанажата е во висина на платата на пратениците, односно 1.000 евра месечно, а ја исплаќа Собранието.

Поврзани новости