Богоевски: Се враќам на активистичката арена, не планирам да бидам молчалив

by fokus

Откако Собранието ја констатираше неговата оставка, досегашниот пратеник Павле Богоевски даде изјава за медиумите во која рече дека неговата битка за подобра држава продолжува надвор од институциите.

-Не би можл да го замислам животот молчалив, каде што би оставил работите за кои толку долго се борев да се случуваат покрај мене. Можете да бидете сигурни дека борбата ќе продолжи, од сега па натаму таа борба нема да биде институционална, туку вонинституционална. Се враќам на активистичката арена, не планирам да бидам молчалив – рече Богоевски.

Во врска со истрагата за аферата со купување масло од канабис, тој рече дека не е информиран.

-Немам увид во истрагата, ниту за нелегално снимениот и нелегално објавен разговор, ниту за мојата евентуална одговорност. Давам целосна поддршка на правосудните органи да го истражат случајот. Без разлика на исходот ќе преземам одговорност и ќе ги сносам последиците – даде Богоевски.

Поврзани новости