Четворицата адвокати на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првостепено осуден за масовното прислушување и случајот „Трезор“, му испратија писмо на амбасадорот на Израел во Загреб, кој е одговорен за целиот регион, и побараа од него да реагира на тврдењата на судиите и обвинителите дека Мијалков може да избега во Израел поради контактите со израелските разузнавачки служби.
-Во еден дел од решението на Основниот кривичен суд и во барањето за определување на мерка притвор на обвинителството, стои дека поради контактите на нашиот клиент Сашо Мијалков кој е бивши директор на Управата за безбедност и контрараунавање, со раузнавачките служби на Израел постои опасност од негово бегство.
Понатаму во решението на Основниот кривичен суд се наведува дека токму ваквите контакти со разузнавачките служби на Вашата држава, Израел, му овозможуваат реално на Мијалков да побегне од државата без патна исправа во секое време инсинуирајќи дека Вашите разузнавачки служби тоа ќе го овозможат и ќе му пружат уточиште, пишуваат адвокатите во писмото.
Тие бараат од амабасадорот да реагира на ваквите тврдења на судските и обвинителските институции.
-Ве информираме за ваквото тврдење на официјални судски и обвинителски институции со молба да реагирате на ваквото апсурдно тврдење пред се поради вистината, правдата и основните човекови права на нашиот клиент да биде правично суден без измислици, лаги и конструкции кои се вперени и кон институциите на Вашата држава, пишува во писмото.
Во писмото адвокатите велат дека името на Израел било употребено за кршење на основните човекови права на нивниот клиент. Објаснуваат дека пред три дена Апелацискиот суд ја прифати понудената гаранција на Мијалков и му ја укина мерката пртивор и кажуваат дека по реакцијата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, по четири часа на Мијалков му бил определ притвор за друг предмет.