МГ Фешн со јавна презентација: Градиме модерен и еколошки проект, а не бетонски чудовишта

by fokus

Од МГ Фешн денеска направија јавна презентација на проектот на парцелата 1.1 спроти Холидеј Ин. Според инвеститорот, во трите предвидени згради ќе има 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители, како и локали и канцеларии.

-Ќе има 1.000 паркинг места, 6.520 метри квадратни ќе бидат зелена површина, а површината на градба ќе биде 13.654 м2. Во ДУП-от пишува дека влезот е од улица 2, а излез ќе има на кејот. Паркингот ќе биде во рамките на градежната парцела, а имаме можност да паркираме и во катната гаража спроти, изјави архитектот Мартин Пановски.

Инвеститорот и архитектите велат дека не се засегнати од петицијата што се потпишува и шири низ социјалните мрежи.

-Во самата петиција се вели „Не за бетонски чудовишта“, а ние ќе градиме модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата. Во ниту еден сегмент од петицијата не се вели стоп за градбата, велат од компанијата.

Се уште не е познато колку ќи чини еден стан или деловен простор во комплексот „Гранд“ спроти Холидеј Ин.

Оттаму тврдат дека проектираната површина на зеленило на сите нивоа е 6.250 метри квадратни, кое опфаќа партерно зеленило, високо зеленило-дрвореди и зелени кровни градини.

 

Поврзани новости