Метју Пери починал од акутни ефекти на кетамин, како да бил под анестезија

by Фокус

Смртта кај познатиот актер Метју Пери настапила како последица на давење, срцева болест и несакани ефекти од опијати, стои во официјалниот медицински извештај за причините за смртта на актерот, кој почина во октомври годинава.

Актерот кој ќе остане запаметен како Чендлер од Friends, со години јавно зборуваше за својата борба со зависноста од алкохол и опојни суспстанци починал од „акутни ефекти“ на кетамин, анестетик со психоделични својства.

Освен кетамин, кај Пери било најдено и присуство на буренофрин, лек кој се користи за лекување на нарушувања настанати како користење на опојни супстанци, за намалување на акутни и хронични болки, сличен со трамадол.

Но, според аутопсијата, смртта настанала како последица на акутните ефекти на кетаминот.

Кетаминот се силен анестетик којшто се користи како алтернативна терапија за депресија, анксиозност, нарушувања предизвикани од посттрауматски стрес и други проблеми со менталното здравје, а често некои луѓе го користат и како рекреативна дрога.

Според извештаите, актерот бил на терапија со кетамин која му се давала преку инфузии, но се смета декa опијатот најден во неговото тело, најверојатно не е од последната терапија, која била околу 10-тина дена пред да почине.

„Со оглед на високото ниво на кетамин најдено во неговата крв, смртта најверојатно настапила како последица на преголема стимулација на кардиоваскуларниот систем и потиснување на респираторните органи“ – стои во извештајот, каде се наведува дека нивото на кетамин во неговото тело е еднакво на она што се користи при целосна анестезија за време на оперативните зафати, пренесува New York Times.

Метју Пери беше најден мртов на 29-ти октомври годинава, во својот дом во Лос Анџелес.

Поврзани новости