Мета побара пребројување на сите 83 илјади неважечки гласачки ливчиња

by Фокус

Албанскиот претседател Илир Мета денеска побара пребројување на сите неважечки ливчиња од парламентарните избори одржани на 25 април.

Тој во објава на фејсбук тој прави споредба со бројот на неважечки ливчиња на изборите во 2013 и 2017 година, наведувајќи дека на изборите во 2013 година само 1,39 проценти од гласовите беа неважечки, додека во 2017 година само 1,98 проценти.

„Во моментов, според прелиминарните резултати на ЦИК, имаме 5 проценти неважечки ливчиња. Затоа, броењето и пребројувањето на сите неважечки гласачки ливчиња е клучно за да се зголеми довербата на граѓаните, кои во долги редици чекаа за да ја изразат својата волја на 25 април. Со смиреност и транспарентност, многу е важно овој процес да продолжи до крај“, наведува Мета.

Поврзани новости