Трамп најави кандидатура на следните избори: Верувајте во „Направи ја Америка повторно голема“

by Фокус

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп наjaви дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година, пишува Индепендент.

Според весникот, изјавата на поранешниот шеф на државата е одговор на говорот на Џо Бајден пред Конгресот во средата, по неговите први 100 дена како претседател на САД.

Трамп вети дека неговата кампања за следните избори ќе биде „многу успешна“, истовремено повикувајќи ги повика своите поддржувачи да веруваат во неговото движење „Направи ја Америка повторно голема“.

Воедно, тој се нарече „татко на вакцините“ и истакна дека заслужува поголемо признание за борбата против коронавирусот во САД.

Трамп го обвини Бајден за „уништување на земјата“ поради неговата имиграциска политика на границата со Мексико.

Поврзани новости