МЕСФ направи историски пренос на еспорт лига во Македонија

by fokus

Македонија прв пат пренесуваше полуфинална и финална фаза од Националната Еспорт Лига (НЕЛ) по светски стандарди. Натпреварите се емитуваа на телевизискиот канал Спорт Клуб 3 и на интернет каде беше проследен од публиката на Македонија и од Балканот. За претставниците на Македонска Еспорт Федерација – МЕСФ, ова е историски настан преку кој се трасира патот на нашиот Еспорт кон светот.

Успешно заврши НЕЛ во League of Legends, во ко-организација со Fortuna Esports од Србија. Најдобар беше тимот на Evolution Online или EON, кој покрај паричниот фонд од 500 евра, доби место во затворените квалификации на Балканската Еспорт Лига или EBL. Со ова тимот има шанса да не претставува на балканско и доколку постигне успех и во оваа фаза од натпреварувањето, продолжува понатаму во регионалната фаза. На овој настан учествуваа шест тима, од кои два се поканети по основ на успешни квалификации.

Лигите на CS:GO и Dota2, сè уште, во тек и ги сочинуваат осум тима. Од нив два се поканети по основ на успешно квалификување и ќе се борат за вкупен награден фонд од 1.000 евра за време од 14 кола. Завршницата на овие лиги ќе биде лан или офлајн, односно играчите ќе играат на претходно утврдена локација. Победничкиот тим на CS:GO, доколку се обезбеди пласман на светското Еспорт првенство на ИЕСФ, ќе ја претставува Македонија во Ј. Кореја.

Покрај овие главни настани, МЕСФ активно соработува со Еспорт организации во текот на целата година, организирајќи разни турнири и пријателски мечеви со репрезентациските тимови на државите од регионот и пошироко. На овој начин ја афирмираме нашата земја надвор од нашите граници, правејќи бренд и препознатливост на нашите тимови.

Согласно статутот на Федерацијата и планот за официјализирање и развој на Еспортот во Македонија, МЕСФ за оваа сезона предвиде три лиги каде што македонските тимови ќе можат да се натпреваруваат и да добијат статус на репрезентација на Македонија во игрите во кои се натпреваруваат или League of Legends, Counter Strike: Global Offensive и Dota2.

Поврзани новости