Пред менувачница во центарот на Скопје вчера попладнето настанал инцидент во кој бил претепан сопственикот на менувачницата. На инцидентот му претходела расправија меѓу сопственикот на менувачницата и познат скопски хотелиер. Сопственикот на неколку хотели во Скопје подоцна бил пријавен во полиција за нанесување на тешки телесни повреди.
Од МВР за „Фокус“ го потврдија настанот.
„Б.П. пријавил дека додека бил на работно место во менувачницата се случила расправија со С.Ч. Потоа С.Ч. физички го нападнал пред менувачницата и му нанел тешки телесни повреди“, велат за „Фокус“ од МВР.
Од таму додаваат дека С.Ч. е повикан на разговор и дека со него е извршен разговор. Останува на обвинителство дали ќе покрене кривична пријава против скопскиот бизнисмен.