ВМРО-ДПМНЕ остави брашно пред Собрание за Павле Богоевски

by fokus

Сергеј Попов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска симболично пред Собранието остави килограм брашно, по аферата со објавување на телефонски разговор каде се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Богоевски дека масло од канабис се купува во аптека.

„Павле подолг период е навлечен на ‘бело’ и тоа тип 500. Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам. Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија“, му порача Попов на Богоевски, додавајќи дека ако пратеникот сака друг бел прашак, следниот пат ќе му остави и за перење.

Поврзани новости