Меркел: Ќе ја направиме Европа поподготвена за 21-от век

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го истакна значењето на единството на Европа во борбата против пандемијата на корона вирусот и најави дека целта на германското претседателство со ЕУ, од 1 јули, ќе биде да ја направи Европа поподготвена за 21. век.

„Во наредните недели и месеци мора да покажеме дека сме единствени, дека можеме да ги надминеме штетите, економските последици од оваа криза и дека можеме да постигнеме се со цел Европа да ја надмине оваа ситуација“, рече Меркел.

Таа истакна дека после кризата е потребна програма за раст, поради што Германија многу повеќе ќе се ангажира околу буџетот на ЕУ, отколку досега.

Меркел рече и дека во претстојното претседателство на Германија со ЕУ на дневен ред ќе биде климата, но и здравството.

„Целта е по завршувањето на германското претседателство да имаме Европа која ќе биде поподготвена за 21-от век отколку што е денес“, заклучи Меркрл.

Поврзани новости