Во Србија починале 151 заболен од корона вирусот, 130 во Грција, а 59 во Македонија

by fokus

Според денешните статистики за Ковид-19 на официјалните власти, вкупниот број на заболени од корона вирусот во Србија е 7.779 граѓани, во Грција 2.506, а во Македонија 1.367.

Понатамошната споредба на податоците на овие три земји покажува дека бројот на смртните случаи во Србија е 151 починат, 130 во Грција и 59 во Македонија.

Најмногу пак се тестира во Грција. Досега се направени  61.407 тестирања, во Србија 59.938 и 14.758 во нашата држава.

 

Поврзани новости