Меркел: Добро сум!

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро.

– Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака.

Таа додаде дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.

Меркел завчера за време на церемонија во Берлин трепереше и изгледаше како да не и е добро. Слична сцена се случи и пред 12 дена за време на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Поврзани новости