Трансфер вреден 50 милилони евра: Бисака потпиша за Манчестер Јунајтед

by fokus

Како што се очекуваше, само што започна летниот преоден рок, а Манчестер Јунајтед веќе се фрли на работа и денеска го комплетираше вториот трансфер за следната сезона. По Даниел Џејмс, кој минатата недела пристигна од Свонси, сега и Арон Ван Бисака беше претставен како нов играч на „црвените ѓаволи“.

Арон Ван Бисака подолго време беше на радарот на Манчестер Јунајтед, откако одигра фантастична сезона во дресот на Кристал Палас. Денеска и официјално беше комплетиран неговиот трансфер вреден 50 милиони евра.

Тој е 21-годишен десен бек кој изминатата сезона ги импресионираше љубителите на англискиот фудбал со неговите настапи за Кристал Палас. Ван Бисака потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед и се очекува од следната сезона да биде една од клучните алки на тимот за враќање во Лигата на шампионите.

„Неверојатна чест е да можам да се наречам себеси играч на Манчестер Јунајтед, бидејќи знам дека само мал број фудбалери ја имаа оваа привилегија“, изјави Арон Ван Бисака за време на неговото претставување како нов играч на клубот.

Иако нема ниту еден настап за англиската репрезентација, сепак Ван Бисака претставува еден од елитните таленти во англискиот фудбал и на него во Јунајтед гледаат како долгорочна опција за десната бековска позиција.

Поврзани новости