Мемеди: Може да бидеме порелексирани кога дневно ќе има помалку од 10 новодијагностицирани

by fokus

Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемеди нагласи дека има време за укинување на вонредната состојба, посочувајќи дека може да бидеме порелаксирани само кога бројката на позитивни случаи на Ковид-19 ќе стигне под 10.

– Мерките уште ќе се олабавуваат, но треба да се почитуваат препораките, носење на маски и социјалната дистанца како најглавни мерки, потенцираше Мемеди.

Тој, во гостувањето на „24 анализа“ на телевизија 24, рече дека „одиме во насока на победа“ над коронавирусот, констатирајќи дека државата од почетокот на состојбата досега добро се справува. Мемеди рече дека ако се прави спореба со позитивни резултати на коронавирусот, бројката во последните пет дена се намалува, а со тоа и смртноста.

Директорот на ИЈЗ истакна дека сите мерки кои се преземени се за граѓаните и нивното здравје, нагласувајќи дека доколку повеќе се почитувале, бројот на заболени ќе бил помал.

Прашан, зошто е намален бројот на тестирања, тој наведе дека колку брисеви се земаат, толку тестирања се прават. Како што нагласи Мемеди, „нема симптоми, нема епидемиолошки анкети, нема брисеви“.

Поврзани новости