„Незадоволните кругови во Украина би можеле да се обидат да го убијат Володимир Зеленски според сценариото на обидот за атентат врз Адолф Хитлер од страна на дел од германската елита во 1944 година“ изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација – Дмитриј Медведев.
Мандатот на украинскиот претседател истекува денеска. Претседателските избори требаше да се одржат на крајот на март, но парламентот ги одложи поради воената состојба во земјата.
По истекот на претседателските овластувања на Зеленски на 21 мај, Медведев предвидува „немири меѓу деловите од општеството кои ќе бидат брутално потиснати“.
„Или обид за атентат врз злобен кловн со кокаин, кој би можел да го следи сценариото на обидот за атентат врз Хитлер на грофот фон Штауфенберг во јули 1944 година. Особено ако дел од незадоволната украинска олигархија одлучи да го отстрани лудиот актер и да го замени со полојална фигура“, рече Медведев одговарајќи на прашања на ТАСС.