107
МВР информира дека синоќа во 22.00 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци – Гевгелија, на место викано „Трнката“, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од село Моин, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.