Медицински центар вакцинира македонски граѓани на граничните премини кај Делчево и Ново Село

by fokus

Медицинскиот центар „Комак Медикал“ на Милен Врабевски, со помош на повеќе бугарски министерства и Царинската агенција, започна со вакцинирање против ковид на граѓани од Македонија на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново Село на бугарско-македонската граница, јави дописникот на МИА во Софија.

Врабевски е сопственик и извршен директор на најголемата истражувачка организација во Југоисточна Европа, „Комак Медикал“ и член е на глобалната иницијатива на Бил Клинтон, како и добитник на престижната награда „Европски граѓанин на годината“ за извонреден придонес во ширењето и промовирањето на европските вредности и мултикултурниот дијалог.

Оние кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да го сторат тоа само по претходна резервација на телефоните +359 886 800 264 (Viber) и +359 882 516 981 (Viber). Откако ќе пројават желба за вакцинирање на овие телефони, тим на „Комак Медикал“ ќе контактира со луѓето за конкретен датуми и време за вакцинирање.

Поврзани новости