Мицкоски пред британската амбасадорка: Постои голем степен на корупција

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот потпретседател Александар Николоски денеска остварија средба со амбасадорката на британската амбасадорка Рејчел Галовеј, на која се разговарало за актуелните случувања во земјава. Како што соопштија од ДПМНЕ, Мицкоски на средбата посочил дека Македонија стана земја каде тешко се живее, а воедно посочил дека ветувањата за развојна економија на власта резултираа со економско дно за граѓаните.

„Мицкоски на амбасадорката и ги пренесе причините за се поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава“, соопштија од опозициската партија.

Поврзани новости