Меџити: Со Таравари сигурно победуваме, дилемата е само со која разлика

by Фокус

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва изјави дека лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари донел автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција и дека клучно за тоа била поддршката што ја добил од членството.

-Очигледно дека динамично ќе биде во албанскиот блок, и веќе нема да има никој дилема, тие што ги познаваат приликите, кој е победникот во албанскиот блок односно Европскиот блок за промени. Отсега натаму дилемата е само која ќе биде разликата – рече Меџити на Сител.

Европскиот сојуз за промени, според него, убедливо ќе победи, особено во шестата изборна единица. Тој потврди и дека Таравари бил еден од кандидатите за претседател.

-Имаме одлука за албански кандидат за претседател и овојпат со големи шанси да влезе во вториот круг на изборите – рече Меџити.

Поврзани новости