Меџити: Јас му ја легализирав дивоградбата на Османи, семејството на Груби догради половина зграда

by Фокус

Синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ21, лидерот на Демократското движење Изет Меџити изјави дека неговите поранешни сопартијци Бујар Османи и Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.

-Кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за квадрат, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво – рече Меџити.

Тој додаде дека Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови во Чаир, односно, како што рече, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истата е легализирана.

Поврзани новости