Меџити: ГОБ 8. Септември со стручна експертиза и современа апаратура нуди највисоки стандарди за здравствена заштита

by Fokus

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска со премиерот Димитар Ковачевски и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, ја посетија ГОБ 8. Септември во Скопје.

По повод патрониот празник на болницата беа пуштени во употреба три сали за кардиологија и интервентна радиологија, опремени со нови модерни ангиографи.

Министерот Меџити истакна дека трите сали за кардиологија и интервентна радиологија, уште повеќе ќе го подигнат нивото на оваа здравствена установа, бидејќи во ГОБ 8. Септември скоро и да нема експертиза што не се работи и на Клиниките.

„Овие сали за интервенции од областа на кардиологијата се сериозна помош за растеретување на Клинички Центар, посебно во делот на сложените интервенции. Трите нови сали кои почнуваат со работа од денеска се од исклучително значење за намалување на листите на чекање за интервенции од областа на кардиологијата, како коронарографии, каротидографии, периферни ангиографии, коронарни стентирања, стентирања на каротидите и стентирање на крвните садови на екстремитетите. Итните случаи како пациенти со акутен инфаркт на миокард повеќе нема да чекаат, туку нивното згрижување и прифаќање ќе биде итно и што е од голема важност тоа нема да го наруши редовниот програм на пациентите закажани во редовниот термин“ – истакна министерот Меџити.

Поврзани новости