175
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на денешната прес-конференција изјави дека пожарите кои се случуваат изминативе денови треба да бидат „аларм кој бара сериозна институцинална мобилизација која е веќе во тек“.
-Очекуваме инцидентот да се расветли и причинителот односно причинителите да бидат јавно обзнанени, истакна Меџити на прес-конференцијата со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
На новинарско прашање дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, одговори дека денеска ќе се знаат и „за се ќе биде известено детално и транспарентно“.