Маж со „мерцедес“ удри во малолетник што возел тротинет

by Fokus

На 16.09.2023 во 15.55 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од Тетово и електричен тротинет управуван од малолетник од с.Гургурница, тетовско.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости