Масовно пукање во Пенсилванија – најмалку деветмина се загинати

by jadranka 23:07
23:07

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во масовно пукање во градот Ири, во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија денеска локалните власти.

Полицијата наведе дека напаѓачот вчера отворил оган внатре во една куќа и пред неа, а потоа починал од прострелна рана која сам си ја нанел, пренесува Еј-Би-Си.

Полицијата првично реагирала откако сведоци пријавиле дека виделе вооружен маж како пука пред куќата пред да влезе во неа, пренесува Ен-Би-Си. Кога полицијата пристигнала, пронашла две жени кои биле убиени од огнено оружје на улицата.

– Ова е една од најтешките и најпотресните сцени со кои нашите полицајци и истражители кога било се соочиле. Загубата на животи е разорувачка, а околностите што ги истражуваме се длабоко вознемирувачки – изјави шефот на полицијата Рик Лорах.

Истражителите не соопштија можен мотив за нападот, а околностите што му претходеле на пукањето и понатаму се утврдуваат.

Слични вести