Повеќе повредени при ракетен напад врз аеродромот во Ријад

by jadranka 21:56
21:56

Десетици лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, при ракетен напад врз аеродромот „Крал Халид“ во саудискиот главен град Ријад извршен од страна на јеменските шиитски бунтовници Хути.

„Десетици луѓе се повредени на аеродромот, а повеќето од нив се саудиски државјани. Најмалку петмина од нив, сите Саудијци, се на одделот за интензивна нега“, соопшти медицински извор. Според извештаите, по нападот е спроведена евакуација на пристутните патници и вработени на аеродромот.

„Хутите напаѓаат цивилни цели. Аеродромот во Ријад е цивилна цел“, изјави допломатски извор за западните медиуми. Еден сведок изјави дека слушнал експлозија додека чекал да се качи на лет.

Аеродромот во Ријад претходно ги повика патниците да проверат кај својата авиокомпанија дали летот е откажан пред да се упатат кон аеродромот.

Денешниот напад врз аеродормот следи откако Саудиска Арабија вчера соопшти дека воената коалиција предводена од неа започнала „операција од големи размери“ против Хутите во Јемен.

„Спроведуваме операции од големи размери насочени кон вооружените сили и капацитетите на Хутите“, соопшти портпаролот на саудиската армија Турки ал-Малики.

Слични вести