Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
По променливото време и дождот во неделата, новата работна недела ќе започне со релативно стабилни услови, но потоа следува заладување.
Според прогнозите за Скопје, во понеделник, 12 октомври, максималната температура ќе достигне околу 20 степени Целзиусови, додека утринската ќе се движи околу 8 степени. Денот ќе биде претежно сув, со сончеви периоди и повремена облачност.
Од вторник се очекува позначително заладување, со дневни температури околу 15 степени и можност за дожд во вечерните часови. Во среда, 14 октомври, ќе преовладува променливо облачно време, со услови за повремени врнежи, а температурата ќе се движи до околу 17 степени. Утринските температури ќе бидат пониски, па разликата меѓу утринскиот и дневниот дел од денот ќе бара посоодветна облека.
Во четврток, 15 октомври, се очекува повеќе сонце и дневна температура до околу 19 степени, но утрото ќе биде студено, со температура околу 6 степени. За петок повторно се најавува можност за повремени врнежи од дожд, со максимална температура од околу 17 степени.