Марјан Србиновски со возило удрил во бандера, кошаркарскиот тренер е тешко повреден

by Фокус

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски, е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар-Тетово, со неговото возило излетал од патот и удрил во бандера.

„На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за тренерот на КК Гостивар, Србиновски.

Поврзани новости