Маринко Саздовски, стечаен управник на ОХИС: Продажбата на имотот беше условена со тендер за чистење на хемикалиите

by Фокус

Продажбата на имотот на АД ОХИС беше беше условена со избор на најповолен понудувач за извршување на услуга на соодветно уништување, отстранување и дислокација на 11-те видови хемикалии што ги затекнавме по отворањето на стечајната постапка, вели во изјава за Фокус стечајниот управник на некогашниот хемиски гигант Маринко Саздовски.

-Во стечајната постапка АД ОХИС беа спроведени вкупно 3 електронски продажби на имотот стечајна маса, паралелно на кои течеше и јавен оглас објавен во дневен весник за избор на најповолен понудувач за извршување на наведената услуга за отстранување на хемикалите. После спроведената трета електронска продажба, закупувач на имотот-стечајна маса на АД ОХИС Скопје и на останатите ДООЕЛ-и беше избран купувачот „Хемиски инженеринг“, а а за најповолен понудувач за вршење на услугата за отстранување на хемикалиите беше избран понудувачот „Екоцентар 97“. Договорот за вршење на наведената услуга помеѓу ОХИС и „Екоцентар“ беше склучен на 20.12.2018 година кој предвидува во рок од 9 месеци од воведување во владение на извршителот на услугата на локациите каде што се сместени хемикалиите да биде завршена постапката за отстранување на хемикалиите – објаснува Саздовски.

Тој посочува дека во стечајната постапка над ОХИС Скопје и на фирмите-ќерки на акционерското друштво досега се спроведени две распределби на парични средства на доверителите, а, како што нагласува, во тек се постапки пред надлежен суд за утврдување на оспорени побарувања на доверителите во стечајната постапка.

Повеќе во однос продажбата на имото на ОХИС на „Хемиски Инженеринг“ за околу 7 и пол милиони евра и за компанијата што доби бизнисот со отпадот во кругот на фабриката вреден околу 1 и пол милиони евра – „Екоцентар“ пишува најновиот број на неделникот Фокус. Според податоците и информациите што ги обезбедивме, во сопственичката структура на „Хемиски инженеринг“ има офшор компанија регистрирана во Дубаи, додека сопственикот на „Екоцентар“ е во кумска релација со поранешниот директор на тајната полиција Љупчо Андоновки. Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости