Газда на имотот на „Охис“ е офшор компанија од Дубаи, чистењето на отпадот е во рацете на кумот на екс шефот на тајната полиција!

by fokus

Во стечајната постапка за „Охис“, „Хемиски инженеринг“ во сопственост на бизнисменот Горјан Максимовски и на офшор компанија од Дубаи откупи најголем дел од објектите и машините за сума од 7,1 милиони евра, откако претходно за 600.000 евра стекна право врз имото ставен под залог кај „Комерцијална банка“.

На тој начин, оваа компанија стекна објекти со вкупна површина од 170.996 квадратни метри за 7,7 милиони евра, врз основа на кои ќе може да го приватизира и државното земјиште. Притоа, 1,6 милиони евра од оваа сума беа наменети за справување со токсичните хемикалии во фабриката, за што беше ангажирана компанијата „Екоцентар 97“, чиј сопственик Владо Момировски, пак, е во кумска врска со поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК