Манијак напаѓал жени во Карпош, на една и се соблекол гол, друга ја испофаќал во влез

by fokus

Две жени пријавиле вчера во полициската станива во Карпош дека биле нападнати од непознат маж. Првата пријава била заведена вчера утринавата во 11.30 часот.

42-годишна жена, со иницијали О.К.Л. пријавила дека непознат  сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. О.К.Л. го истуркала од себе, по што сторителот побегнал во непознат правец. Настанот се случил на улицата „Волгоградска“.

Вториот таков случај бил пријавен во полициската станива во 13.40 часот. 24-годишната С.С. пријавила дека на истата улица во 13 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости