Трамп: Нападот врз Сирија може да се случи набрзо или не така скоро, никогаш не кажав кога

by fokus 13:46
13:46

Времето за евентуалниот воздушен напад врз Сирија досега не е прецизирано, напиша денеска американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

– Никогаш не кажав кога ќе се случи напад на Сирија. Може да се случи набрзо или не така скоро. Во секој случај, САД предводени од мојата Администрација, направија огромна работа за ослободување на регионот од ИС. Каде е нашето `Ти благодарам Америко?`“, напиша Трамп.

- Advertisements -

Американскиот претседател вчера порача дека „убави, нови и паметни американски ракети“ ќе бидат испратени во Сирија.

Поврзани новости